Вакцината против Ковид-19 во форма на спреј за нос би можела да биде достапна есента во 2022. година, по клиничките тестови, изјави во понеделникот директорот на „Вектор“, Државниот руски истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија, Ринат Максјутов.

-Многу лаборатории ширум светот работат на вакцина во форма на спреј за нос, но засега се тестираат на лабораториски животни. Бидејќи се потребни клинички тестирања, мислам дека вакцината во вид на спреј за нос ќе биде достапна следната есен, рече Максјутов, а пренесува „ТАSS“.

Според претходните извештаи, рускиот Гамалеја центар планира да почне со тестирања на овој вид вакцини кон крајот на 2021. година или на почетокот на 2022.година и да ја регистрира идната година.

„Вектор“ центарот, исто така развива вакцина во облик на капки за нос.