САД и нивните сојузници евакуираа 12.500 луѓе од аеродромот во Кабул во изминатите 24 часа и покрај фактот што мисијата за евакуација беше прекината поради неколку смртоносни експлозии.
Белата куќа соопшти дека 8.500 луѓе биле извлечени директно од американската војска, а 4.000 други биле префрлени со авиони на нивните сојузници.
Официјален Вашингтон истакна дека со неговата мисија за евакуација досега биле опфатени 105.000 луѓе.