„Пинокио“ во Градски парк на „Школка“, за одбележувањето на 95-годишнината на скопската ЗОО

166

Со проекцијата на филмот „Пинокио“ вечер во Градски парк, на „Школка“ ќе почнат низата настани со кои ќе се одбележат 95 години од основањето на Зоолошка градина – Скопје.

Од Зоолошката градина информираат дека во текот на наредните месеци се планирани едукативни и забавни настани во градината.

Проекцијата на филмот е замислена како пикник, а посетителите со себе ќе треба да понесат ќебе. Ќе бидат обезбедени вода, сокови и кроасани за посетителите.

Филмот „Пинокио“ кој беше номиниран во две категории за „Оскар“ е од жанрот фамилијарен/фантазија, а влезот за сите посетители ќе биде бесплатен.