Промоција на летни активности на отворено во Ски–центарот „Попова Шапка“

51

На крајната станица на шестоседата жичарница во Ски–центарот „Попова Шапка“ денеска ќе биде претставена понудата на угостителите и бројните активности на отворено што ги нуди ски-центарот оваа сезона.

Како што информираат од ЕЛЕМ ТУРС, на настанот кој е предвидено да започне во 10 часот, покрај запознавањето со целокупната понуда на Попова Шапка посетителите ќе можат да се уживаат во дегустација на разновидна, традиционална храна подготвена од тур-операторите на Попова Шапка.

Настанот ќе биде проследен и со музика со ди-џеј.