Метеорологот Попоски најави рекордни и долготрајни жештини: Температури до 45 степени!

2042

Метеорологот Славчо Попоски прогнозира екстремен и долготраен топлотен бран во кој се очекува температурите да се искачат до 45 степени.

Топлотниот бран е со потекло од југ (северните предели на Африка) и се очекува да ја зафати нашата територија следната седмица.

„Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43 степени. Не се исклучува можноста во централните, како и во југоисточните предели истите да се искачат до рекордни 45 степени“, вели Попоски.

УВ индексот ќе има коефициент помеѓу 9 и 10, затоа метеорологот препорачува граѓаните да бидат крајно претпазливи.