Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија издаде ново предупредување за територијата на земјата. Како што се наведува на веб-страницата на РХМЗ, во некои делови од Србија се закануваат поројни врнежи од дожд и грмотевици.
„Во следните два часа во Војводина, Поморавje, како и во југозападна Србија, на некои места ќе има врнежи од дожд и грмежи“, се вели во предупредувањето.
За потсетување, од вчера попладне делови на Србија се погодени од силно невреме, со дождови, грмотевици и град, а, дестабилизација на времето воМакедонија се очекува од денеска попладне.
Невреме се спушта од север, Србија погодена од поројни дождови – утре попладне стигнува и кај нас