Црвеното вино го враќа сјајот на вашето лице

86

Црвеното вино има многу афирмативни својства, а едно од нив е фактот дека делува позитивно и во нега на кожата.

Освен што е лек за душата, овој напиток на боговите се почесто наоѓа примена и во козметиката. Третманите за чистење лице со црвено вино е новиот тренд што го негуваат и дел од познатите личности.

Експертите препорачуваат да се користи црвено вино како средство за симнување на шминката.

За овој природен тоник, потребни ви се: две лажици сок од лимон, две лажици црвено вино и неколку памучни туфери со кои ќе го избришете остатокот од шминката. Препорачливо е да се избегнува пределот околу очите.

После тоа, се препорачува третман на пареа или природен пилинг.

Црвеното вино може да се користи и како своевидна маска за лице која може да се подготви во домашни услови.

За маската за лице со црвено вино потребни ви се само една лажица мед, една лажица јогурт и две лажици црвено вино. Состојките се мешаат во изедначена смеса која се нанесува на лицето и се чува околу дваесет минути. Потоа маската се измива со млака вода.