Американскиот актер Адријан Грениер, кој јавноста го памети по улогата во сериите „Антураж“ и филмот „Ѓаволот носи Прада“, го смени начинот на живот.
Својот раскошен дом во Лос Анџелес го замени со фарма во Тексас и стана земјоделец. Неговиот имот се наоѓа во градот Бастроп, недалеку од Остин.
“Го купив имотот во 2016 година, а во декември минатата година решив да се преселам. Остин е космополитски град каде најдов пријатели, малку по малку од тука започнав да водам бизнис и се навикнав на темпото на живот не толку бурно како во Лос Анџелес, па одлуката за преселување беше очекувана “, изјавил Адријан за списанието „Остин лајф “.
View this post on Instagram
“Ми се допаѓа што луѓето овде се подеднакво успешни како во Калифорнија, но тие не се фалат со тоа. Тексашаните веднаш ме прифатија “, додаде тој.
На имотот заедно со неговата девојка Џордан Ромеле одгледуваат праски, јаболка, смокви и планираат да создадат засолниште за диви животни. Тој работи и на реконструкција на езерцето затоа што сака да додаде риба на своето мени, а особено е горд на својата органска градина.
View this post on Instagram
Адријан, вели дека е активист за животна средина веќе 20 години и постојано им кажувал на луѓето дека треба да живеат во хармонија со природата. Затоа го напуштил Холивуд.
“Постигнав професионален врв што не ме исполни. Работиш напорно за да бидеш славен и да заработиш многу пари, но кога ќе го направиш тоа, сфаќаш дека не е тоа вистинското”, рече актерот.
View this post on Instagram