Францускиот ракометен репрезентативец Никола Карабатиќ, дефинитивно им се врати на натпреварувањата. Еден од најдобрите ракометари во светот по пауза од седум месеци даде четири гола во победата на својот ПСЖ над Сан Рафаел со 44:32.

На екипата на тренерот Раул Гонзалез и преостанаа уште три натпревари во домашниот шампионат, во кое се на добар пат да ја одбранат титулата, бидејќи имаат три бода предност во однос на второпласираниот Монпелје.

Карабатиќ беше во составот на тимот и минатата недела, но не доби шанса да игра. Неговото враќање е голема вест за Раул Гонзалез, пред завршниот турнир во Лигата на шампионите во Келн на 12 и 13 јуни. Враќањето на Карабариќ е одлично и за репрезентацијата на Франција пред настапот на Олимписките игри во Токио.