Готвач од белградски ресторан спорелил трик за совршена зелка салата.

Состојки:

– зелка
– сол
– масло
– оцет
– шеќер на врвот на лажичката
– магдонос за декорација

Подготовка:

Ова се состојки за обична зелка салата, но она што ќе ѝ даде вкус како од ресторан е редоследот на ставање на состојките и дополнителен трик на крајот.

1. Прво во зелката истурете сол на врвот од лажичката и исто толку шеќер. Измешајте ја зелката со раце и оставете ја да отстои неколку минути.

2. Ставете го маслото, а потоа и оцетот. Измешајте и додадете сол на крајот.

Солта на крајот е клучна состојка за секоја добра салата, бидејќи, како што вели овoј готвач, домаќинките обично тука грешат. По инерција прво ставаат сол во салатата, па потоа оцет и масло, што доведува до тоа солта да падне на дното и практично да биде испрана со маслото и оцетот.