Мајката на американскиот актер Чак Норис го прославила својот 100-ти роденден на 4-ти мај. По овој повод, актерот на својот Фејсбук профил споделил фотографија со својата мајка Вилма.
„Мојата мајка, Вилма Норис Најт, полни 100 години. Те сакам мамо! Среќен 100-ти роденден! Ти благодарам што му помагаш на Бог да ми даде се што можам и треба да бидам“, напиша Норис.
Инаку, Чак Норис често истакнува дека е многу поврзан со својата мајка и дека таа му е најголема поддршка во животот.
Тој пред нешто повеќе од два месеци наполни 81 година, а има пет деца и 13 внуци.