Жителите на Гома се враќаат во домовите по ерупцијата на вулканот Нијарагонго 

38

Жителите на градот Гома во Демократска Република Конго денеска почнаа да се враќаат во своите домови по синоќешната ерупцијата на вулканот Нијарагонго , а лавата стигна до градот.

Вулканот Нијарагонго се наоѓа во националниот парк Вирунга, на помалку од 20 километри северно од Гома и недалеку од границата со Руанда. Лавата пристигна до Гома, која брои два милиона жители.

По ерупцијата жителите на Гома го напуштија градот и побегнаа во Руанда. Руандските власти ги олеснија граничните ограничувања и им овозможија на граѓаните влез во земјата.

Поголемиот дел од лавата помина низ националниот парк, во кој има најразновидните растителни видови и заштитени планински горили.

Вулканот Нијарагонго последен пат еруптираше во 2002 година, кога лавата уништи големи делови на Гома, при што загинаа околу 250 лица, а 120.000 лица останаа без покрив над главата.

Се „разбуди“ Нијарагонго, еден од најактивните вулкани во светот-пред 20 години уби 250 луѓе/ВИДЕО