Со такси лани превезени над 11 милиони патници

31

Со такси лани се превезени 11 083 000 патници, од кои 10 404 000 во градскиот превоз, а 679 000 во меѓуградскиот превоз, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Со 1860 патнички автомобили опфатени во истражувањето се изминати вкупно 51 365 000 километри, од кои 45 554 000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се остварени 5 811 000 километри.

Податоците за такси-превозот се добиени од 241 извештајна единица.

Извор: МИА