Цел на меѓународната операција била веб-платформата наречена „Бојстаун“, која сега е отстранета, а имала повеќе од 400.000 регистрирани корисници, со повеќе од 3.500 објави.Некои слики објавени на платформата содржат најтешки форми на сексуална злоупотреба на мали деца.

Германската полиција на „Даркнет“ ја разби една од најголемите платформи за детска порнографија на светот и уапси четворица нејзини членови, соопшти  Федералниот криминалистички полициски уред (BKA).Обвинетите се товарат за наводно водење на една од најголемите мрежи во светот за размена на слики од сексуално злоставување на деца.

Цел на меѓународната операција била веб-платформата наречена „Бојстаун“, која сега е отстранета, а имала повеќе од 400.000 регистрирани корисници, со повеќе од 3.500 објави, пренесува Би-Би-Си.

Официјални лица велат дека некои слики објавени на платформата содржат најтешки форми на сексуална злоупотреба на мали деца. Во истрагата биле вклучени Холандија, Шведска, Австралија, САД и Канада, предводени од Германија.

Членовите на мрежата  преку таканаречениот „Даркнет“ разменувале фото и видео материјал кој според соопштението на германските власти, содржел морничави содржини како што е сексуално злоставување на мали деца.

Полицијата во април ширум Германија извршила претреси во седум објекти и притоа биле уапсени три лица на возраст од 40 до 58 години кои се соочуваат со обвинение за организирано дистрибуирање на детска порнографија. Извршен е претрес во три германски покраини – Северна Рајна-Вестфалија, Баварија и Хамбург.Четвртиот осомничен, по распишувањето на меѓународната потерница бил пронајден и уапсен во Парагвај и наскоро треба да биде екстрадиран во Германија.

Сите уапсени во Германија и Парагвај се германски државјани и според сознанијата на обвинителството во Франкфурт кое го води случајот, биле одговорни за техничкото функционирање на платформата на „Даркнет“.

Полициската агенција на ЕУ, Европол, соопшти дека ќе ги испита и разузнавачките информации што ги добиле за време на операцијата, врз основа на кои се очекуваат повеќе апсења и спасувања на деца ширум светот.

Неколку поврзани страници за разговор со педофили на темната мрежа се, исто така, отстранети.