Здравствените власти на Белгија соопштија денеска дека земјата е трета во ЕУ по стапка на вакцинирани граѓани, што претставува два милиони дози за два месеца.
Следната цел на властите е да постигнат 4 милиони дози откако ќе пристинат вакцините на Џонсон и Џонсон, за кои е потребна само една доза. Во наредниот период граѓаните треба да ја примат и втората доза на АстраЗенека.
Во текот на јуни земјата се надева дека ќе успее да постигне до 1,2 милиони дози неделно, со што би требало на лето 70 отсто од населението да биде вакцинирано како што предвидува Европската Комисија.
Властите сепак остануваат внимателни пред се поради можни задоцнувања во испораката на вакцините од страна на фирмите како и волјата на граѓаните да ги примат вакцините.
Белгија исто така соопшти дека бремените жени можат да се вакцинираат во било која фаза од бременоста, и ќе бидат вклучени во списокот на приоритетни лица.
Извор: МИА