Шпанскиот фудбалски прволигаш Валенсија му врачи отказ на тренерот Хавиер Грасија, еден ден по првенствениот пораз (3:2) на домашен терен од Барселона.
Неделниот неуспех на Валенсија беше четврти пораз во последните осум натпревари на кои екипата под водство на Грасија забележа само една победа.
Лошата резултатска серија ја доведе Валенсија на 14. место на табелата со само шест бодови над зоната за испаѓање во Секунда Б.