Оваа година, Први мај и Велигден убаво се надополнуваат, ама тоа не значи дека треба да се воздржуваат од првомајската скара. Од овој неодолив компир ќе сакаат сите да пробаат – особено оние кои не постат.
Потребно е:
- 500 гр млади компири
- 30 мл масло
- сув зачин
- црн пипер
- малку црвена мелена пиперка
- млад лук
- оригано
- свеж магдонос, исечкан
Приготвување:
Излупете ги компирите, измијте ги и варете ги 5 минути. Можете да приготвите и моркови за скара на истиот начин. Згмечете го лукот и прелејте го со 2-3 лажици вода. Во чинија ставете масло, сув зачин или само сол, мелен пипер, црвен пипер, и лук во сад, исцедете го и земете ја само течноста. Додадете оригано и сечкан магдонос. Во тоа додадете ги компирите и исечените моркови и измешајте ги убаво. Набоцкајте ги компирите и морковите на стапчиња за скара. Наредете ги во подмачкана тава и прелејте ги со остатокот од маринадата. Печете на скара на средна топлина или во рерна на 220 степени околу 20-30 минути.