Велика Британија испрати итна медицинска помош за Индија

316

Британската Влада денеска соопшти дека испрати повеќе од 600 парчиња опрема како итна медицинска помош во Индија, каде има рекорден број на заразени и починати лица од последици од Ковид-19.

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека за Индија се испратени кислород и 140 респиратори, што треба да пристигнат во земјата во вторник.

Претходно, Европска Унија најави помош на Индија преку Европски механизам за цивилна заштита. И германската канцеларка Ангела Меркел исто така најви дека подготвува помош за Индија.

Индија со 1,3 милијарди жители, е погодена од нов бран на епидемијата со Ковида-19. Во изминатите 24 часа во Индија регистрирани се 349.691новозаболени лица и 2.767 смртни случаи, а болниците се преоптоварени и немаат кислород и лекови.

Извор:МИА