Францускиот тенисер Беноа Пер нема да настапи на Летните олимписки игри во Токио. Контроверзниот тенисер е исфрлен од олимпискиот тим кој ќе ја претставува Франција на Игрите во Токио. Пер (31) е четвртиот најдобро рангирана француски тенисер на АТП листата, поточно 35. играч во светот. Французите, кој имаат место за четворица тенисери на Игрите, на негово место ќе земат друг играч.

Француската тениска федерација оваа одлука ја правда со тоа што Пер во последно време многу непристојно се однесува на турнирите, пцуе, плука и ги навредува противниците и судиите на теренот, а надвор од теренот дава непристојни изјави. По оваа одлука Пер се извини и кажа дека ќе се поправи во иднина.

Несогласувањето меѓу Пер и Француската тениска федерација траат уште од Олимписките игри во Рио кога беше исфрлен од тимот и од олимпиското село заради кршење на правилата.

Годинава загуби девет од десет натпревари, а по поразот минатата недела од Џордан Томпсон, изјави дека не ужива во тенисот и дека на турнирите игра смао заради пари.

-Ни малку не ми е грижа за овој натпревар. Ќе одработам уште еден натпревар во двојки и си одам дома. Имам само два часа возење до дома. Играњето на ваков турнир ме фрла во депресија. Да се дојде во Монте Карло, на еден од најдобрите турнири и го гледате празен, без публика навистина е тажно. Сепак, заработив 12.000 евра. Некои ќе кажат дека само пзборувам за пари, но морам да кажам дека земав 12.000 евра само за два дена што седев во хотел. Совршено, кажа 35. тенисер во светот кој неодамна исто така кажа дека не разбира како некои тенисери заработуваат 30.000 евра за освојување на АТП турнирите, а тој зема десет илјади за пораз во прво коло.

Пер во кариерата заработи само осум милиони евра, има освоено три титули, а во 2016 година беше 18. тенисер во светот што воедно е негов најдобра пласман во кариерата.