Швајцарскиот тенисер Роже Федерер е еден од најдобрите во историјата во овој спорт и нема многу играчи кои можат да му бидат достојна конкуренција. Поранешниот тренер на Швајцарецот, Пол Анакон, зборуваше токму на оваа тема, поточно кој од тенисерите може да направи повеќе од Федерер.

Федерер неодамна потврди дека ќе игра на вториот грен слем турнир сезонава Ролан Гарос, а пред тоа финалното загревање ќе го има на АТП турнирот во Женева.

-Освен Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал и најверојатно Доминик Тим, би рекол дека нема многу играчи кои имаат предност во однос на Роже Федерер на Ролан Гарос. Навистина ми е тешко да поверувам дека некој играч доаѓа на турнирот без помислата дека може да го осови. Не се сеќавам кога Федерер играл на турнир без да помисли дека може да го освои. Така ќе биде и на Ролан Гарос и покрај тоа што за осовјување на овој турнир најголеми шанси му се дава на Рафаел Надал, изјави Анакон.

Од своите 20. грен слем титули, Федерер само една освои на Ролан Гарос – славеше во 2009 година. Швајцарецот по повеќе од една година се врати на теренот, играше на АТП турнирот во Доха, каде беше елиминиран во второто коло, а потоа ги откажа настапите на турнирите во Дубаи и Мајами.