Изборниот ден во Албанија, минува без поголеми проблеми, со постојано зголемување на процентот на излезност на гласачите.
До 17 часот правото на глас го остварите 43,56 отсто, што повеќе од сигурно е дека до 19 часот кога се затвораат гласачките кутии ќе го надмине процентот на излезност од последните избори пред четири години, кога беше 45 отсто.
Изборните единици Пешкопеја и Тирана, се две околии со најголем одѕив, со 49,63 односно 49,30 отсто од запишаните гласачи во единствениот избирачки список. Најслаб одѕив има во Валона каде правото на глас го оствариле 31,67 отсто.
Во Изборната единица Корча, каде што за пратенички мандат се тркаат и двајца Македонци одѕивот е 41,78 отсто.
Претседателот на Централната изборна комисија, Илирјан Целибаши, информираше дека проблемот со хакираната електронска страна на комисијата е надминат.
Извор:МИА