Европска Унија подготвува помош за Индија за справување со кризата со Ковид-19 откако бројот на новозаболени и смртните случаи достигна рекордни бројки, најави претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен.
– Загрижени сме поради епидемиолошката состојба во Индија. Подготвени сме да ја поддржиме, напиша фон дер Лајен на Твитер.
Во изминатите 24 часа во Индија регистрирани се 349.691новозаболени лица, што е нова рекорда бројка, четири дена по ред.
Извор:МИА