Баздникин: Се работи на испораката на останатите количини на Спутник В

58

Амбасадорот на Русија, Сергеј Баздникин не го знае датум кога ќе пристигнат останатите вакцини Спутник В, но е убеден дека вакцинацијата на македонските граѓани ќе оди непречено и  Договорот потпишан од страна на Рудскиот фонд за директни инвестиции и Министерството за здравство ќе биде испочитуван.

Баздникин при денешната посета на Штип посочи дека договорот е потпишан во март и дека во земјава веќе се испорачани 6.000 дози.

-Договорот предвидува снабдување со 200.000 дози на вакцината против корона вирусот Спутник В. Оваа количина која е потребна за вакцинирање на 100.000 граѓани. До денес испорачани се 6.000 дози, 3.000 од секоја компонета. Во моментов се работи за испораката на останатите количини на препаратот. Сакам да ви кажам дека руската страна доследно ќе ги исполнува своите обврски од договорот и да обезбеди испорака на вакцините, во вашата земја, вели Баздникин.

Рускиот амбасадот истакна дека вакцината Спутник В е апсолутно безбедна, нејзината ефикасност е повеќе од 90 отсто, а за спречување на компликации од корона-вирусот е 100 отсто.