Селекторот на Германија, Јоаким Лев ги сумираше впечатоците по синоќешниот пораз (1:2) од македонската репрезентација во квалификацискиот меч за СП 2022.
- Ние сме целосно разочарани, нашиот тим изгледаше премногу уморно. Немаше енергија во нашата игра, направивме премногу грешки. Кога брзо ја движевме топката, изгледавме опасно. Нашиот противник беше длабоко во својата половина, па не можевме да најдеме начин да ги разбиеме. Општо, ова е разочарување, го цитира Лев официјалната веб-страница на германската репрезентација.
По овој натпревар Германија и Македонија имаат по шест бода и се на делба на втората и третата позиција во групата Ј, води Ерменија со девет бода.