Халанд партнер на Меси

162

Новиот претседател на каталонскиот гигант Барселона, Жоан Лапорта, ќе направи се што е во негова моќ за да ги осигура услугите на норвешкиот интернационалец од редовите на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Ерлинг Халанд. Лапорта е убеден дека само младиот напаѓач може да биде достојна замена на најголемата ѕвезда на „Ноу Камп“, Лионел Меси, но истовремено сака двајцата да бидат тимски колеги во следните неколку сезони. Неофицијално, Борусија ќе побара 180 мил. евра за неговото обештетување.