Путин му предлага на Бајден виртуелен разговор со пренос во живо

33
Рускиот претседател Владимир Путин денеска му предложи на својот американски колега Џо Бајден во наредните денови да одржат виртуелен разговор, кој ќе се пренесува во живо, како одговор на изјавата на Бајден дека тој е убиец.
„Сакам да му предложам на претседателот Бајден да продолжиме со нашите разговори, но под услов да го сториме тоа во живо, онлајн, како што велат тие“, изјави Путин за руската телевизија, додавајќи дека „би било интересно за рускиот народ, американскиот и за многу други земји“.
Тој рече дека разговорот треба да се одржи „без одлагање“ веќе утре или во понеделник.
Путин рече дека ќе даде налог на Министерството за надворешни работи да ја предложи таа виртуелна средба.
Извор:МИА