МВР ја повлече меѓународната потерница за Сашо Мијалков

3988

Неколку часа откако поранешниот директор на УБК се појави во Обвинителството за организиран криминал, од сајтот на МВР е повлечена меѓународната потерница.

МВР вчера прво објави национална, а потоа и меѓународна потерница за Мијалков.

Одлуката следува откако Мијалков сам се пријави во Обвинителство, а Основниот кривичен суд – Скопје со Решение на обвинетиот Сашо Мијалков му определи мерка куќен притвор и 24 часовен видео и аудио надзор.