СЗО ја поздравува одлуката на Кина: Ќе го откриеме потеклото на коронавирусот

27

Светската здравствена организација (СЗО) ја поздрави одлуката на Кина да дозволи десетчлен тим меѓународни експерти што го испитуваат потеклото на новиот коронавирус во четврток да пристигне во оваа земја, а генералниот директор на СЗО,Тедрос Гебрејсус, истакна дека очекува да работи со кинеските партнери за да се утврди потеклото и начинот на пренесување на вирусот врз луѓето.

„Со нетрпение очекуваме тесно да соработуваме со нашите кинески партнери во оваа важна мисија за идентификување на изворот на вирусот и начинот на кој тој е пренесен на човечката популација“, напиша Гебрејсус на Твитер.

Кинеското Министерство за здравство претходно потврди дека тим експерти на СЗО, кој треба да го испита потеклото на коронавирусот, во четврток ќе ја почне својата мисија кај нив.

Тимот на СЗО требаше да пристигне во Кина на почетокот на јануари, но властите во Пекинг не се согласија веднаш да го одобрат неговото пристигнување.