Поранешниот француски репрезентативец Тјери Омејер е именуван за нов директор на ракометниот гигант ПСЖ. Тој на оваа позиција ќе го наследи Бруно Мартини кој доби отказ по осумгодишна работа. Иако сезонава потроши 19 милиони евра и има најголем буџет во Европа, ПСЖ не стигна до шампионсакта титула во Лигата на шампионите.
Омејер за првпат добива работна улога со голем притисок по завршувањето на играчката кариера. Две години тој беше дел од структурата на ПСЖ, со која раководи Жан-Клод Блан, но сега нему му е доверена улогата да го конструира тимот кој последната сезона го води поранешниот македонски селектор, Раул Гонзалез.
ПСЖ сезонава во Лигата на шампионите стигна само до третото место, откако во малото финале го совлада унгарскиот шампион Веспрем.