Филипче ги очекува првите вакцини во март, ситуацијата со коронавирусот се смирува

119

„Ние испративме допис и чекаме одговор. Не сум сигурен дека и тие точно знаат заради тоа што првите количини, тоа е суштината на Ковакс-механизмот ќе бидат дистрибуирани во сите земји во регионот коишто аплицирале за тој месец. Очекуваме да биде во март месец но не можеме да бидеме сигурни. Кој ќе биде вакциниран е многу важно прашање и препораки се да тоа најнапред бидат здравствените работници, вработените во војската и полицијата, сите јавни службеници, во јавниот транспорт, хроничните болни сите критични групи согласно мислењето на експертите“, вели министерот.

Факторот на преносливост од почетокот на ноември, кога беше еден и пол, сега е околу еден, во зависност од бројот на извршени тестови, што ни дава за право да кажеме дека ситуацијата донекаде се смирува“, вели министерот.

Министерот за здравство Венко Филипче со став дека вакцинацијата против ковид-19 ќе биде една од најголемите логистички операции на македонскиот здравствен систем и веќе се работи на групите на граѓани за кои ќе има препорака да ја примат оваа вакцина.

Здравствениот систем го подготвуваме за вакцинација за Ковид-19. Ова ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да ја спроведеме. Вакцинирањето ќе го спроведат лекари и медицински сестри кои во овој момент не работат со ковид пациенти, вели министерот за здравство Венко Филипче.

За ова според него ќе треба помош и од други сектори – да се примат вакцините, соодветно да се чуваат, да се транспортираат, дистрибуираат до местото каде што ќе се аплицираат на лицата кои претходно ќе бидат селектирани како ризични групи што треба да ја примат вакцината. На ова поле , вели Филипче, веќе сериозно се работи. Тој додава дека се ангажирани сите економски оператори за чување и дистрибуирање на вакцините, кои изразиле подготвеност и согласност да го поддржат овој систем.

„Комуницирани се сите вакцинални пунктови и една американска фондација. Добивме помош со фрижидери со температура до – 70 за вакцината „фајзер“ единствена којашто е на таа температура, но ние мора да обезбедиме услови и за таа вакцина. Така што сметам дека во делот на прием, во делот на чување на вакцините, дистрибуција до местата каде што ќе бидат аплицирани веќе планот е спремен, но многу веројатно е дека во текот на следната недела ќе организираме и една вежба на терен како тоа ќе изгледа“- наведе министерот.

Вакцинирањето ќе го спроведат лекари и медицински сестри кои во овој момент не работат со ковид-пациенти, а за што ќе биде организирана и обука, но не очекува сите 400.000 нарачани вакцини да пристигнат одеднаш.
„Ние испративме допис и чекаме одговор. Не сум сигурен дека и тие точно знаат заради тоа што првите количини, тоа е суштината на Ковакс-механизмот ќе бидат дистрибуирани во сите земји во регионот коишто аплицирале за тој месец. Очекуваме да биде во март месец но не можеме да бидеме сигурни. Кој ќе биде вакциниран е многу важно прашање и препораки се да тоа најнапред бидат здравствените работници, вработените во војската и полицијата, сите јавни службеници, во јавниот транспорт, хроничните болни сите критични групи согласно мислењето на експертите“, вели министерот.

Министерот Филипче вели дека она што се случува сега во земјава е сериозно намалување на притисокот на пациентите врз болниците, но дека тие се многу внимателни бидејќи многу пати досега се покажало дека вирусот е многу напреднат.

„За разлика од првите недели во ноември кога обезбедивме одделенија и нови болнички кревети, сега бројот на новопримени и бројот на регистрирани пациенти е скоро еднаков. „Факторот на преносливост од почетокот на ноември, кога беше еден и пол, сега е околу еден, во зависност од бројот на извршени тестови, што ни дава за право да кажеме дека ситуацијата донекаде се смирува“, рече Филипче.

Според директорката на Клиниката за инфективни болести во Скопје, Милена Стефановиќ, лекарите се соочуваат со исклучително тешки пациенти при самиот прием, кога е тешко да се помогне и да се спаси пациентот. -Но исто така има и пациенти кои се навреме примени, лекувани 8 недели на третман, и кога мислите сте ја завршиле работата, и кога сте мислеле дека е стабилно, се е во ред, во следните неколку часа ситуацијата се влошува и го губиме за секунда, вели Стефановиќ.

(В.М.Б.)