Полициските службеници од единицата за внатрешни работи Карпош  го лишија од слобода лицето И.Р. од Скопје кое има извршено десет разбојништва . И.Р. вооружен со нож и со закана по живот кон вработените одзел парични средства.

Разбојништвата ги вршел на цела територија на Град Скопје.

Лицето во текот на денот ќе биде изнесено пред судија на претходна постапка .

Во текот на вчерашниот ден, полициските службеници од ЕВР Карпош, од слобода го лишија и  лицето М.Е. од Скопје по кое има  распишано централна потерница за издржување казна затвор од 4 години. Остиот е веднаш спроведен во затворот Идризово на издржување на затворската казна.