Кога ќе ти се исполни детскиот сон, моментот мора да се овековечи. Оваа тетоважа ми е една од позначајните кои ги имам на моето тело и сум горд на неа
Панчо е љубител на тетоважи и до сега на неговото тело има направено неколку. Но, сега еден настан зазема посебно место во неговото срце, а тој настан мораше да го овековечи засекогаш. Поради тоа тој направи нова тетоважа на неговата нога кај својот тату-артист. Ги испиша имињата на македонските репрезентативци во фудбал кои ја победија Грузија и нè одведоа на Европското првенство во 2021. Тетоважата на Панчо ја изработи еден од нашите најдобри тату-артисти кај нас, па и на овие простори, Горан Миќиќ.
– Кога ќе ти се исполни детскиот сон, моментот мора да се овековечи. Оваа тетоважа ми е една од позначајните кои ги имам на моето тело и сум горд на истата исто толку колку што сум горд и на нашите репрезентативци кои ни ја донесоа оваа неопислива радост. Ни покажаа и докажаа на сите нас како со сплотеност и верба се постигнува успех. Браво момци, херои наши. МАКЕДОНИЈА на Европско 2021, напиша Панчо. (M.A.)