Заложничка драма во компанија за видеоигри во Монтреал/ВИДЕО

56
Фото: Twitter screenshot

Полицијата во петокот евакуираше зграда во Монтреал во која се наоѓа седиштето на францускиот гигант за видео игри „Убисофт“, додека медиумите споменуваат можна заложничка криза.

“Досега не е идентификувана закана. Во моментов ја евакуираме зградата”, напиша полицијата на Монтреал на Твитер, откако објави дека се спроведува операција околу „Убисофт”.

Полицијата пристигнала на местото на настанот по повик до службите 911.

„Препорачуваме на луѓето да ја избегнуваат областа“, напиша полицијата претходно на Твитер.

Телевизискиот канал LCN објави снимка од група од неколку десетици лица кои понегнаа на покривот од седиштето на „Убисофт“ и спомнаа можна заложничка ситуација.