Веројатно има уште многу фасцинантни места во светот, веројатно и тука, многу близу до нас. Сега е вистинско време да се свртиме кон природата
Седумте светски чуда можеби се прогласени предвреме. Чуда како Големиот кањон и водопадите Викторија секако се одлични и секој што ќе ги види сигурно ќе биде импресиониран. Постојат и други места на овој свет кои се многу чудни. Места што изгледаат како да се од друг свет, а се чини дека постојат само на планета што не се вика Земја. Глетката од нив доведува да се запрашаме дали законите на природата на овие места не важат.
Вода која сè што ќе допре претвора во камен
Кнерсбороy во Северен Јоркшир е место каде што водата тече низ карпа и каде сè што ќе допре се претвора во камен. Скаменувањето трае помеѓу три и пет месеци и сè што ќе оставите под капките од таа вода ќе биде камен кога ќе се вратите. Луѓето оставале секакви работи, од мечиња до велосипеди, и сè станувало статуа. Долго време се верувало дека местото е маѓепсано од вештерка. Научниците денес, сепак, знаат дека ова се случува затоа што водата содржи невообичаено висок процент на минерали, па затоа создава цврста минерална обвивка околу работите со кои доаѓа во контакт, исто како што се формираат сталактити во пештерите.
Парк под вода
Во Австрија има парк со прекрасни пешачки патеки и клупи каде можете да се опуштите секое есенско утро. Меѓутоа, ако го посетите тој парк напролет, ситуацијата е малку поинаква – потребна ви е опрема за нуркање. Паркот во близина на планината Хохчшваб е целосно покриен со снег во зима. Има толку многу снег на планината, што напролет, кога ќе се стопи снегот, езерото покрај паркот се удвојува и тонат клупи и патеки и сè наоколу. Ако се нурнете низ езерото напролет, ќе видите клупи и мостови под вода, па дури и некои видови планински цвеќиња, кои инаку преживуваат само на површината, се прилагодуваат и цветаат под водата. Водата се повлекува во средината на летото. Инаку тоа езеро се нарекува Зелено езеро („Grüner See “) и се наоѓа во Штаерска.
Закривени дрвјата
Во близина на селото Нове Чарново во Полска има шума со околу четиристотини парчиња борови дрвја висока од еден до три метри. И не би било ништо чудно доколку дрвјата не се закривени, односно ако не растат во форма на буквата Ј. Многумина се обидоа да го протолкуваат феноменот на Исривената шума, но никој не успеал да ги докаже своите теории.
Дрвјата биле засадени во 1930-тите, а се претпоставува дека шумарите ги закривувале десет години подоцна за да можат полесно да се користат во дрвната индустрија, а особено за градење на бродови. Други веруваат дека младите стебла се свиткуваат од големите количини на снег во зимските месеци, додека љубителите на мистеријата претпоставуваат дека обликот на боровите се резултат на минување на тенкови низ областа во Втората светска војна. Иако не е познато што влијаело на изгледот на оваа шума, нејзината глетка воодушевува. (М.А.)