Предности на варената храна

281

За разлика од другите методи на подготовка, со консумирање варени јадења, ќе внесете доволно хранливи материи во вашето тело. Влакната од храна стануваат помеки, што доведува до подобра апсорпција на хранливите материи. Сварените оброци се полесни од пржените и печените, бидејќи не бараат употреба на дополнителни масти. На тој начин од свинско или јагнешко месо ќе ги отстрани вишокот маснотии, а исто така ќе ја намалите калориската вредност.

Варењето ја „чисти“ храната

Варењето не само што ги разградува токсините туку ги уништува и бактериите, паразитите и вирусите што доведуваат до труење со храна. Значи, ни овозможува да бидеме безбедни додека јадеме, односно е важна превентивна мерка.

Со варење  храната станува сварлива

Благодарение на термичката трансформација што се случува за време на варењето, многу намирници организмот полесно ги сварува, а од друга страна и полесно се  џвакаат. Ова е случај, на пример, со храна богата со растителни влакна (како што се житарки и мешунки) или скроб. Така е и со месото. Времето што го трошиме додека термички ги обработуваме го надминува времето кое би ни било потребно да ги свари нашиот организам доколку не се термички обработени.

Варењето ја збогатува храната

Тоа може да помогне да се апсорбираат некои хранливи материи. Ова се случува кога станува збор за, витамин Б8 од јајца, соини протеини или железо од спанаќ. Со варење на храната исто така се уништуваат некои соединенија за кои се смета дека го ограничуваат внесувањето на хранливи материи. Термички третман дури, понекогаш, ја збогатува храната со микроелементи. Еден од најпознатите примери е доматот. Имено, тој содржи повеќе ликопен по термичка обработка. Аспарагусот, пак, добива бета-каротен.

Варените јадења се одличен избор кога станува збор за термичка обработка на храната. Иако пржењето и скарата придонесуваат за подобрување на вкусот, тие не придонесуваат за сочувување на хранливи материи

Рецепти за варени јадења:

Пастрмка

Четири тенки филети од пастрмка со тежина од 100 г, лажичка масло од сусам, лажичка соја сос, рендана кора или сок од еден лимон, 2 чешниња лук, парче ѓумбир со големина од околу 2 цм, еден кромид. Ставете  хартијата за готвење во апаратот за варење на пареа и ставете ги филетите пастрмка на неа. Додадете ги останатите состојки над рибата и варете околу 6-8 минути. Ако одлучите да готвите подебели филети или цела риба на овој начин, продолжете го времето за готвење.

Гулаш

250 г говедско месо без маснотии, исечкано на коцки, 250 г  компир, 200 г домати, 2 лажички интегрално брашно, лажичка маслиново  масло, главица кромид, чешне лук, една црвена пиперка, лажичка црвен пипер, лажица доматно пире, 150 мл супа од говедско месо. Месото кратко се крчка и полека се додаваат другите состојки. Варете додека месото не омекне. Ако сте вегетаријанец, заменете го месото со тофу сирење и наместо супа од говедско месо, истурете обична вода.

Пилешка супа со јуфки

10 чаши пилешка супа, три средни моркови, поголем целер, три лажици ѓумбир во прав, 6 чешниња лук, три чаши јуфки, четири чаши варени сечкани пилешки гради, три лажици сечкан копар, лажица сок од лимон Кога ќе го варите пилешко, оставете ја водата да биде малку посолена. Варете ја супата и додадете морков, целер, ѓумбир и лук. Гответе на средна температура  додека зеленчукот не омекне, а потоа додадете пилешко и тестенини. Гответе  околу десет минути и на крај додадете зачин и лимон. (M.A.)