Лос Анџелес Клиперс би можеле да ббидат посилни следната сезона за легендарниот плејмејкер Крис Пол. Имено, според американските медиуми, Пол ќе го промени клубот, а за неговите услуги се заинтересирани повеќе клубови, вклучително и двата од Лос Анџелес. Се шпекулираше дека тој е најблизу до актуелниот шампион Лејкерс, но американските медиуми пренесуваат дека тој сепак може да заврши во редовите на нивниот градски ривал.

Наводно, најдобриот играч на Клиперси, Каваи Ленард, го контактирал Пол за да го убеди да ја прифати понудата на Клиперс. Инаку, Пол минатата сезона играше за Оклахома, а во досегашната кариера има играно и за Њу Орлеанс, Клиперс и Хјустон.