Најголем дел од преспанските земјоделци на своите сметки добија средства за обесштетување од невремето што во 2019 година го зафати регионот на Долна Преспа.
Градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски информира дека околу 500 земјоделски семејства ќе добијат обесштетување.
-Општина Ресен во најголем дел ги исплати средствата на земјоделците погодени од невремето минатата година. Исплатата почна во понеделникот и на сметките на погодените ќе легнат околу 80 милиони денари, изјави Гошаревски.
Оваа мерка на Владата на Република Северна Македонија, според него, претставува вистинска поддршка и помош за земјоделците, кои и покрај големиот труд и напори не успеаа да го соберат родот на преспанското јаболко, од кое производство зависи развојот и економскиот раст на Ресен и Преспа.
-Задоволен сум и јас и земјоделците биејќи прв пат исплатата беше 30 отсто од проценетата штета, однсоно од проценети 265 милони денари се исплатија близу 80 милиони. Иако штетата од невремето е влијае повеќе годишно на дрвата, обесштетувањето добро им дојде на земјоделците, истакна Гошаревски.
Невремето што во јули, 2019 година го зафати регионот на Долна Преспа предизвика штета од 80 до 100 проценти кај земјоделските култури и овошните насади на површина од околу 420 хектари.