Од почетокот на исплатата на обесштетувањето на депонентите на “Еуростандард банка” АД Скопје во стечај со право на обесштетување до денес се исплатени вкупно 3,3 милијарди денари што претставува близу 80% од вкупно дозначените средства
од Фондот кон четирите деловни банки преку кои се врши исплата на обесштетување, информираат од Фондот за осигурување на депозити.
-Сето ова укажува дека исплатата на обесштетувањето се врши со релативно брза
динамика и близу 4/5 од средствата на депонентите на “Еуростандард банка”
АД Скопје во стечај со право на обесштетување, се обесштетени, вечат од Фондот.
Обесштетувањето на наследниците според наследни решенија исто така се одвива
непречено и нивната исплата се врши директно преку Фондот за осигурување
на депозити.