Дефиниран наследникот на Клоп

139

Ако Јурген Клоп го исполни даденото ветување, дека ќе се повлече од менаџерската функција во 2024 година, тогаш раководните лица на актуелниот шампион на Англија, тимот на Ливерпул, ќе се обидат да ги осигураат услугите на легендарниот капитен, Стивен Џерард. Поранешниот репрезентативец на Англија моментално е менаџер на шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс, но никогаш не криел дека сака да се врати на „Енфилд“ и да биде предводник на „црвените“.