Дијаз да остане на „Сан Сиро“

54

Раководните лица на италијанскиот калчо гигант Милан во следните неколку дена ќе седнат на преговарачката маса со челниците на актуелниот шампион на Шпанија, екипата на Реал (М), а тема на дискусија ќе биде можниот трансфер на младиот играч за врска, Брахим Дијаз. Офанзивниот играч за врска моментално настапува како позајмен играч на „Сан Сиро“, а ќе остане во Милано доколку понудата за неговото обештетување не биде помала од 25 мил. евра.