Животот на турските актерки далеку од бајка – парите и популарноста не ја прават среќата

913

Луксуз, интриги, неизвесност, па среќен крај – сето тоа спакувано во серија која со нетрпение се чека секој ден и милиони гледачи собира пред малите екрани и буди љубопитство каков е нивниот приватен живот

Модерни, негувани, извонредно атрактивни, живот како во бајка. Така барем ги гледаме и најчесто се доживуваат актерките во километарските турски серии кои секојдневно ги следат милиони луѓе, особено на Балканот, иако последниве години доживуваат и многу поширока популарност.

Но дали нивниот живот е навистина бајка? Дека на многу од нив животот им е како телевизиска сапуница, тоа е сигурно.

Несрин Каваџаде, Шахика: Ќе имам седум деца

Несрин Каваџаде е родена во Баку, Азербејџан. Таа се преселила во Истанбул со својата мајка на 11 години. По матурирањето во гимназијата Шишли Тераки, се запишала на универзитетот „Мармара“, Факултет за уметности, на  одделот за кино и телевизија. Дебитирала на телевизија, а потоа се појавила во различни ТВ серии, но и во серијата која моментално се емитува во кај нас  „Забрането јаболко“ каде ја толкува улогата на Шахика. Иако таму толкува лик кој не го интересира љубов и семејство туку само пари во приватен живот е сосема различна. Таа моментално е вљубена во нејзиното момче Алихах, кој го крие од очите на јавноста. Како и секоја жена така и таа сака да стапи во брак. Смета дека денеска луѓето се претпазливи и безнадежни кога во прашање е  љубовта, но таа не е таква. Таа сака да го помине нејзиниот живот со саканата личност и да има седум деца. Нејзиниот сон е да стане мајка и често знае да се шегува. Несрин Каваџаде, која му даде живот на ликот на Шахика во „Забранетото јаболко“, е една од најбараните актерки и добро заработува, па се почести и си купи вила од 2,8 милиони долари во Арнавуткој.

Еда Еце Узуналиоглу, Илдиз: Жените треба да се слободни да избираат

Еда со поранешното момче, кошаркарот Бурахан Тунцер

Еда Еце Узуналиоглу е родена како трето дете на 20 јуни 1990 година во Истанбул, Турција. Има завршено психологија на универзитетот „Истанбул Билги“. По дипломирањето таа одела на часови по историја на уметност и започнала да работи во уметничка галерија. Учествувала и во разни театарски претстави. Еда Еце дебитираше со нејзината улога во популарната младинска турска драма „Dirt Seven“ (Пис Једили), а сега ја гледаме на ТВ екраните како Илдиз во „Забрането јаболко“. За неа може да се рече дека е феминист, бидејќи смета дека жените треба да се слободни затоа што и тие работат и заработуваат пари. Смета дека жената не е поразлична од мажите па и таа може да има лесни врски и дека жените се похрабри од мажите. Вели дека eмоционалната интелигенција на жените е многу висока. Таа беше во врска со кошаркарот Бурахан Тунцер, но, славниот пар ѝ стави крај на љубовната идила.

Шевал Сем, Ендер: Не сакам брачна заедница

Шевал Сем роден е родена 11 ноември 1973 во Турција и е пејачка и актерка. Таа е ќерка на Леман Сем, кој исто така е пејач. Одела во средно училиште во Исов Јапи Меслек Лисеси и студирала ликовна уметност на Катедрата за графички дизајн на Универзитетот Мармара. Таа беше омажена за фудбалерот Метин Текин помеѓу 1993 и 1999 година, а од овој брак има син по име Тарик Емир. Таа е против бракови и не ги сака.

Туба Бујукустјун, Aси и Елиф: Прошетка со своите кучиња

Со поранешниот сопруг и колега Онур Сајлак,

Туба Бујукустјун е една од најпознатите турски актерки на денешницата, таа се прослави со улогата на Аси во истоимената серија, а публика ја запозна како Елиф во популарната серија „Љубов и пари“. 38-годишната актерка студирала сценографија и костимографија  пред да започне да се занимава со актерство. Зад себе има неуспешен брак со 43-годишниот актер Онур Сајлак, со кого ги доби близнаците Маја и Топрак. Откако стави крај на бракот со Онур Сајлак, во 2017 година, таа се вљуби во режисерот Умут Евирген, со кого беше во врска последните три години. Тие се разделувале неколку пати, а конечниот крај беше оваа година. Aктерката го изневерила своето долгогодишно момче, а тој откако дознал, ја оставил. Актерката живее далеку од очите на медиумите и јавноста и таа мрази да дава интервјуа. Нејзиното најголемо задоволство е на раат да пие утринско кафе додека шета со своите кучиња, обожава да  појадува надвор од куќата, љубител е на пилаф и сите јадења со ориз, но таа не знае да зготви ништо освен турски омлет (менемена).

Нурѓул Јешилчај, Јасемин и Ѓулсерен: Страсен подржувач на здравата храна

Со поранешен сопруг Џем Озер, кој е седумнаесет години постар од неа, и кој го запознала на снимање на серијата „Ангелски остров“

Актерка, Нурѓул Јешилчај, која ни е позната  по улогата на Ѓулсерен од серијата „Парампарче“ и Јасемин од серијата „Љубов и казна“ денес  е една од најпопуларните и најдобро платени турски актерки, и нејзиниот хонорар изнесува околу четириесет илјади евра по епизода. Таа пред камерите е повеќе од седумнаесет години. Родена е во 1976 година во градот Афионкарахисар, под името Нургул Гултекин. Како најмлада ќерка, таа била миленичка на целото семејство. Дошла во Истанбул кога дипломирала глума на универзитетот Ескишехир и го зела уметничкото презиме Јесилчај, што значи „зелен чај“. Нејзиниот поранешен сопруг Џем Озер, кој е седумнаесет години постар од неа, го запознала на снимање. Тие играле заедно во серијата „Ангелски остров“, а се венчале неколку месеци по првиот состанок. По раѓањето на нејзиниот син Осман, таа целосно се повлече од јавноста. Но, љубовта со колега не траеше долго. По разводот, Нургул претежно живеела во хотели и изнајмувала станови, што и одговарало затоа што често морала да ги менува локациите за снимањата, а синчето го носела со себе насекаде. Неодамна купи куќа во Истанбул, а потоа и имот во близина на Бодрум. На тоа идилично место, како страстен поддржувач на здравата храна, одгледува органски зеленчук и овошје. (M.A.)