Со навремена поправка на вратите, прозорите, олуците за студот кој ни престои ќе заштедиме ем пари, ем нерви

Eсента пристигна, од гледна точка на календарот, но имаме уште малку време да се подготвиме за новите временски услови, односно за неволјите што ќе ни ги донесе зимата. Но, дали сме го подготвиле и нашиот дом?

Подготвувањето на домот за студеното време не само што придонесува за нашиот комфор, туку може да помогне да заштедиме пари. Со зголемувањето на трошоците за енергија, обезбедување на правилно работење на вашата опрема за греење, додавање на изолација и затнување  на празнините каде што може да излегува воздух, може да заштедите пари со намалување на трошоците за греење.

Исчистете ги олуците. Со есенската сезона доаѓаат обилни врнежи од дожд, силен ветер и невреме. Како резултат, лисјата паѓаат сè повеќе и ова може да ви предизвика големи проблеми, покрај оние што се очигледни од естетска природа. Морате да ги исчистите олуците пред да започне зимската сезона, бидејќи еден силен дожд, или снег  може да ви направи вистинска несреќа и да го поплави вашиот дом кога ќе се затне олукот.

Проверете ја капата на оџакот (доколку го има) сместенa на врвот за да бидете сигурни дека нема штета од дожд, снег или птици. Доколку откриете оштетување, треба правилно да се санира со употреба на издржливи материјали. Проверете ги  изѕиданите оџаци за траги од лабав или испукан малтер. Доколку е потребно, пукнатините во малтерот може да се затворат со заптивки како краткорочно решение, или да се исчисти и повторно да се малтерисува оџак, што секако би било потрајно и долгорочно решение.

Проверете ги добро вашите надворешни ѕидови и разгледајте дали  има оштетеност на фасадата Доколку е потребно, заменете го оштетениот дел. Проверете ги местата за продирање на фасадата. Доколку е потребно, затворете ги со водоотпорен запечатувач. Проверете дали има протекување на воздух и од внатрешната страна на домот. Свеќа или темјан може да се користи за да помогне во откривање на истекување на воздух. Пламенот или чадот ќе бидат забележливо насочени од локацијата на истекувањето на воздухот. Доколку е потребно, изолирајте ги или запечатете ги местата каде  воздухот излегува, околу вратите, прозорците и другите точки на продирање каде што се појавуваат протекувања на воздухот.

Свеќа или темјан може да се користи за да помогне во откривање на истекување на воздух. Пламенот или чадот ќе бидат забележливо насочени од локацијата на истекувањето на воздухот.

Проверете ги прозорците дали имаат  дупки или празнини. Доколку е потребно, затворете ги овие дупки со водоотпорен запечатувач. Во зависност од видот, староста и факторот на изолација на прозорците, можете да ги изолирате вашите прозорци дополнително со пластична фолија и двострана лента, како и со помош на дихтон.

Проверете ја состојбата на дихтонзите околу надворешната врата. Доколку тие се оштетени задолжително заменете ги.

Сервисирајте ги печките, греалките и климите – Сигурно ќе се согласите дека би било многу непријатно за вас да дознаете на денот кога температурата паднал на минус дека вашата печка, греалка или клима не работат. Имајќи го тоа на ум, пред да влеземе подлабоко во есента и зимата, треба да проверите дали се е како што треба. Ако претходно не сте го сториле тоа или наидете на проблем, викнете ги вистинските занаетчии да го решат проблемот, бидејќи неисправните печки и грејачи можат да бидат вистинска опасност за вас и вашето семејство.

Со чист мебел до подобро здравје

Чистење на мебел, подовите, теписите или килимите треба да бидат  први на листата пред да пристигнат студените мигови.

Кога сте сигурни дека топлината нема да избега низ отворот на прозорецот или вратата од вашиот дом – запомнете дека сте останале сами со потенцијалните агресори врз вашето здравје.

Во зима, многу е тешко често да се проветруваат просториите. Затоа, чистењето мебел треба да ве заштити од  непријатни бактериски посетители.

Зголемената топлина и греењето доведуваат до размножување на одредени бактерии и микроорганизми. Исто така, собирањето прашина станува многу голем проблем. Редовно дезинфицирајте ги површините што често ги допирате, а во зима инсистирајте чевлите да се бришат темелно пред да се влезе во домот. (M.A.)