Кој е Џо Бајден: Живот полн со трагедии, подеми, падови…

336

Демократот Џозеф – Џо – Бајден, целиот живот ѝ го посвети на политиката. Оттука, овие избори за него не се само претседателски, туку и потврда дали направил добар избор во животот.

Во текот на кампањата рече дека ако загуби од непопуларниот милијардер Трамп, тоа значи дека бил многу лош кандидат за претседател.

Тој има два неуспешни обида да влезе во Белата куќа, а неговите 77 години професионален живот се обележани со подеми и падови. Приватниот живот, пак, со трагедии.

Во оваа чудна и тешка година на кампања, тој се обиде да ги убеди Американците дека ако го победи Доналд Трамп, ќе ги обедини.

-Можеме да го завршиме владеењето на еден претседател кој уште од почетокот сака да нѐ подели, да нѐ растргне. Можеме да го завршиме владењето на претседател кој не знаеше да ја заштити земјата, кој разгоруваше омраза, рече во последните часови некогашниот потпретседател Бајден.

Неговото мото за овие избори е – „Водиме битка за душата на Америка“. Ако ги изгуби овие избори тоа веројатно би значело крај на неговата кариера што ја започнал на 29 години. Малку пред семејната трагедија.

Имено, во ноември 1972 година само што беше избран за американски сенатор, во декември неговата сопруга и ќерка загинаа во сообраќајна несреќа, а двајцата синови беа повредени. Најстариот син почина во 2015 година.

Поради возраста и тешките удари на животот, Бајден е изморен човек што се забележа на оваа кампања која, поради пандемијата, му го оневозможи она што најдобро го умее – директно да комуницира со граѓаните.

Неговата очигледна замореност честопати беше мета на подбив во твитовите на неговиот противкандидат Доналд Трамп, а приврзаниците на Трамп се подбиваа со понекогаш неразбирливиот говор на Бајден што е последица од пелтењето во младоста.

Сенатор е над 35 години од 1973 до 2009, кога станува потпретседател на САД сѐ до 2017 година. Приватно,горд е на своите ирски корени, католик е и редовно посетува црква.

Пресврт во Џорџија – Бајден води со 917 гласови, на чекор е до Белата куќа