Дербито за Реал (М), Баерн (М) и Ливерпул без милост

129

Голем број на погодоци, вкупно 35, беа постигнати на првите осум натпревари од 3. коло во групната фаза од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони. Дерби пресметката во групата „Б“, дуелот помеѓу екипите на Реал (М) и Интер, заврши со минимален триумф на „кралскиот клуб“ од 3:2. Карим Бензема, Серхио Рамос и Родриго погодија за домажинот, а Лаутаро Мартинез и Иван Перишиќ го убалжија поразот.

Иако се очекуваше далеку понеизвесен натпревар, пресметката во Бергамо помеѓу екипите на Аталанта и Ливерпул заврши со убедлив триумф на „црвените“ од 5:0. Најзаслужен за освоените три бода е поругалскиот интернационалец Диого Жота кој постигна хет-трик.

Резултати: ГРУПА А: Локомотив М. – Атлетико (М) 1:1, РБ Салцбург – Баерн (М) 2:6. Табела: Баерн (М) 9, Атлетико (М) 4, Локомотив М. 2, РБ Салцбург 1 бод. ГРУПА Б: Шахтјор Д. – Борусија М. 0:6, Реал (М) – Интер 3:2. Табела: Борусија М. 5, Шахтјор Д. 4, Реал (М) 4, Интер 2 бода. ГРУПА Ц: Порто – Марсеј 3:0, Манчестер С. – Олимпијакос 3:0. Табела: Манчестер С. 9, Порто 6, Олимпијакос 3, Марсеј 0 бодови. ГРУПА Д: Аталанта – Ливерпул 0:5, Митјиланд – Ајакс 1:2. Табела: Ливерпул 9, Ајакс 4, Аталанта 4, Митјиланд 0 бодови.