КБЦ Сплит бара 300 медицински сестри, на конкурс се јавиле само 14

148

Клиничкиот болнички центар во Сплит распиша конкурс за вработување медицински сестри, а досега се пријавиле само 14.

На сите оддели во болницата има недостиг на медицински сестри, најпотребни се во одделите за интензивна нега и во ургентните соби, додека бројот на пациенти во болницата расте. КБЦ Сплит, исто така, се обиде да привлече медицински сестри со штотуку завршено училиште, објави весникот „Даламација“.

Недостигот на медицински сестри е проблем многу години, особено во оваа ситуација во која се наоѓаме денес и каде медицинската сестра како професија стана, можам да кажам, дефицитарна. Бројот што е потребен според нормите што го одредуваат бројот на вработени – во моментов недостигаат околу 300медицински сестри во сплитската болница“, изјави за ХРТ, Марија Гранчиќ, главната медицинска сестра на Клиничкиот болнички центар Сплит.

„Во европските земји, на одделот за интензивна нега, има две медицински сестри на еден сериозно болен пациент, а тука на 10 пациенти работат едвај пет“, вели Марко Зораја, постар медицински техничар во КБЦ Сплит. Тој додаде дека пациентите засега не страдаат од недостиг на персонал, но „медицинските сестри и техничарите паѓаат од нозе“. Болничката плата на медицинските сестри и техничарите е од 5.000 до 7.000 куни (од 650 до 900 евра), пренесува ХРТ.

Извор:МИА