Организаторите на грен слем тирнирот Ролан Гарос се соочија со бунт од страна на тенисерите поради преголемиот број на грешки кои ги прават судиите за време на натпреварите.

Тие бараат, како и на сите други грен слем турнири да се воведе „соколово око“ и токму тоа е причината за бунтот против организаторите.

Бунтот го предизвика „инцидентит“ во кој беше оштетен кандскиот тенисер Денис Шаповалов, а потоа беше елиминиран од Баена по што својот бес го сподели на социјалната мрежа „Твитер“.

-Јас би подржал соколово око на земја.  Се виде голема грешка на мечот меѓу Денис и Роберто. Исто као и во мечот кој јас го играв и тоа ов моја корист, призна Тим.

-Каспер ми покажа на телефонот. Да, тоа беше судиска грешка, но едноставно не може да се види трагата, додаде Австриецот со кого се сложи и Гркот Стефанос Циципас.

-Мислам дека е време за соколово око на земја. Не разбирам зошто се уште го немаат воведено. Ако на нас технологијата ни овозможува да оди се на подобро не знам зашто не се применува, порача Гркот.

Што се однесува до натпреварувачкиот дел на турнирот, светскиот тениски рекет бој еден Србинот Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето, откако го победи Колумбиецот Галан Риверос со 3-0 по сетови (6:0, 6:3 и 6:2). Тој во осминафиналето ќе игра против Русинот Карен Хачанов. Пласман меѓу шеснаесетте најдобри обезбедија и Циципас, Рубљов, Карено Буста, Фучовиц, Димитров и Алтмаер.

На женскиот дел од турнирот, Остапенко по елиминацијата на Плишкова загуби од Шпанката Бадоза, Квитова славеше со 2:0 над Фернандез, додека Мартиќ прокоцка предност од 1:0 во сетови и на крајот беше поразена од Германката Зигмунд.