И покрај тоа што ита кон седмата титула во Формула 1 со која би се израмнил со легендарниот Михаел Шумахер, Луис Хамилтон често пати знае да ги „пецне“ сите оние кои имаат спротивно мислење од него. Тој доби казна од десет секунди на трката за Големата награда на Русија затоа што вежбаше старт на места каде што не беше дозволено.
Поради казната, Хамилтон мораше да мине десет секунди во пит-стопот, а тоа значеше и предавање на борбата за победа, која на крајот замина во рацете на неговиот клупски колега Валтери Ботас. По трката, Луис зборуваше за тоа како стјуардите му ја одземале победата со смешната казна. Тој исто така доби и два казнени поени на суперлиценцата на ФИА.
- Не мислам дека казните беа насочени против мене. Мислам дека повеќето тимови, кога тимот е во водство, гледаат на него со посебен надзор. Се што имаме на нашиот болид се проверува, два или три пати. Тие ги менуваат правилата, на пример регулација на моторот. Претпоставувам дека сакаат да бидеме поспори за да ги направат трките повозбудливи, истакна Хамилтон.
Британецот го дели една победа до израмнување со Шумахер, но смета дека некој се обидува тоа да го промени.
- Не знам дали правилата, што се однесува до она што се случи, имаат никаква врска со тоа, но такво е чувството. Тоа е како да се бориме против некого, но во ред е. Не е дека порано не сме биле на оваа позиција. Треба да се бориме и да одработам подобро, и тоа константно да го правам, додаде актуелниот шампион.
Луис Хамилтон има 44 поени повеќе од Валтери Ботас, а следната трка се вози во Нирнберг на 11 октомври.