Од 24 до 26 август во тренинг ценарот ,,Солферино’’ во Струга беше реализиран семинар за здраво стареење наменет за волонтерите од клубот на млади и претставници од мобилните тимови на Црвен крст на град Скопје.
– Целта на семинарот беше учесниците да се информираат за компонентите на здравото стареење, превентивните и ризик факторите поврзани со здравјето на луѓето во текот на нивното стареење и притоа се користеа алатки и прирачници подготвени од страна на Меѓународната Федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Учесниците имаа прилика да се запознаат подетално со незаразните болести кај старите лица, спроведување на проценка, промени во однесување, придобивки на доживотното учење како и важноста на физичката активност во процесот на стареење – информираа од Црвениот крст на Град Скопје.
Тренингот беше реализиран со поддршка на Швајцарскиот Црвен Крст.