Во црквата „Св. Софија“ во Охрид на 27 август, со почеток од 21 часот, во рамки на фестивалот „Охридско лето“ концерт ќе се одржат Масимо Мерчели, на флејта и Лоренцо Бавај, на пијано од Италија.
„Мерчели е еден од ретките флејтисти во светот кому му се посветени бројни дела од некои од најпознатите композитори на денешнината како: Пендерецки, Губајдулина, Глас, Ниман, Бакалов, Мориконе, Галијано, Солима кои често и настапувале покрај него на концертните сцени. Тој е член на жири комисии на меѓународни натпревари за флејта во Париз, Њујорк, Женева и Пекинг, а често одржува мајсторски курсеви на најпознатите музички академии во светот“, ќе посочат од фестивалот додавајќи дека пијанистот Лоренцо Бавај, пак, соработувал со истакнати уметници како Лео Нучи и Монсерат Кабале, а од 1989 година е редовен концертен партнер на големиот светски тенор- Хозе Карерас. „Со него настапува на сите континенти, во оперските куќи во Лондон, Париз, во ‘Ла Скала’- Милано, во Римската опера како и во бројни концертни сали во Европа и Азија. Бавај е професор на академијата во Пезаро и често одржува мајсторски курсеви во Италија и Јапонија“, истакнуваат од „Охридско лето“.