Чемпрес поклопи возило во Козле

320

Вчера попладне, во близина на споменикот на народниот херој „Кузман Јосифовски Питу“ во Козле (на ул. Јуриј Гагарин, позади „Салон 29“) силниот ветер и поројните дождови урнаа голем чемпрес што го попречило движењето на граѓаните и возилата.

Комуналните служби на Општина Карпош веднаш реагираа и дрвото беше исечено и отстрането во текот на денешниот ден.

Од утринава се работи на расчистување на патот што води од Нерези до манастирот Свети Пантелејмон од наноси земја и песок предизвикани од невремето и поројниот дожд.

Како што информираат од општина Карпош, екипи на локалната самоуправа од пред 7 часот наутро работат на расчистување на патот од Нерези до Свети Пантелејмон.

– Интензивните поројни дождови и ветришта што ја зафатија Општината и Градот деновиве, нанесоа намети од песок и земја долж коловозот кон манастирот Свети Пантелејмон во Горно Нерези. Над 40 комунални работници од Карпош во текот на целиот ден го расчистуваат коловозот од Средно до Горно Нерези, како и попатните паркинзи се до големиот паркинг околу манастирскиот комплекс – соопштија од Карпош.

Се отстрануваат наноси од скршени гранки, земја и песок кој се собрале од поројните дождови и водите од Водно. Манастирскиот паркинг и коловозот треба целосно да бидат расчистени во текот на денешниот ден.